Балкан
14. July 2016 - 15:25

Полициски час во 16 села во турскиот округ Дијарбекир

Турските власти денеска во 16 села во округот Дијарбекир, Југоисточна Турција воведоа полициски час во траење на едно деноноќие.

Полицискиот час е воведен бидејќи безбедносните сили трагаат по членови на Курдската работничка партија (ПКК) во шумскиот реон на градот Силван.

На жителите им е забрането да влегуваат или да го напуштаат реонот во близина на Силван за време на полицискиот час.

Во меѓувреме, турското Министерство за внатрешни работи нареди да бидат сменети двајца заменици-градоначалници на Мазидаг, округ Мардин. Против нив се води истрага дали се вмешани со нападот со автомобил-бомба на 9. јули при што загинаа фвајца војници, а уште двајца беа повредени. Се претпоставува дека автомобил на локалната власт бил искористен за бомбашкиот напад.

Минатата година во Турција беа уапсени 22 градоначалници, а 31 беа отпуштени под сомнение дека ја поддржуваат ПКК.