Loading Video...
Свет
8. March 2021 - 16:59

Полициски час има и во неколку европски земји и земји во регионот

Полициски час или делумно затворање се мерките по кои посегнуваат владите во регионот и пошироко, во зависност од тоа колку се способни  да се справат со коорна ситуацијата. Србија беше затворена во текот на викендот поради растот на случаите, но не се планира полициски час. Во кризниот штаб нема консензус за вака драстична мерка. 

Во Грција приказната е поинаква. Во Солун може да се излезе од дома само со СМС порака со шест кодови, за самопослуга, итна посета или шетање на домашни миленичиња, и тоа само на два часа. Ако граѓаните немаат таква порака казната изнесува 300 евра. Полицискиот час трае од 21 до 5 часот наутро. За викендите во Солун и Атина од 19. Продолжена е и забраната за влез во Грција до 22-ри март за државјаните од три земји.  

Во Бугарија мерките не се така ригорозни. Максите се во сила, но животот полека се враќа во нормала. 

Во Црна Гора која е светски рекордер по бројот на заболени,  воведен е полициски час од 21 до 5 наутро, а патувањето меѓу градовите е дозволено само со специјални дозволи. Војската  е распоредена на неколку пункотви во Подгороца со цел да ги потсетува граѓаните да ги почитуваат епидемилошките мерки.

Во Германија остануваат затворени баровите, теретаните е и рестораните. На граѓаните им е наложено да носат само медицински маски со поголема заштита. 

Во Словачка до 19 март ќе важи полицискиот час во текот на ноќните часови. Мерката е донесена како резултат на  рекордно високата смртност во последните 14 дена во Европа. 

Полициски час се уште има и во Франција, а мерките се особено строги на ривиерата. 

Холандија ги олабавува мерките. Од први март средношколците почнаа да одат на настава во определени денови од неделата.  Сепак ноќниот полициски час, кој предизвика немири и протести, останува во сила до 15-ти овој месец. 

Во Италија полицискиот час е во траење од 22 до 5 наутро. Забрането е патување меѓу регионите, но во некои училишта  почнаа да се враќаат учениците. 

Полицискиот час до мај е во сила во Шпанија, Португалија и Бегија. Маските се задолжителни за сите, освен за децата под 6 години.

Данска полека ги олабавува рестрикциите паралелно со брзиот  и обемен процес на вакцинација во земјата.