Македонија
7. August 2015 - 13:19

Полициската станица во Ѓорче Петров готова до крајот на годинава

Интензивно се гради новата полициска станица во општината Ѓорче Петров. Предвидено е градежните работи да завршат до крајот на годинава. 

- Полициската станица ќе располага со сутерен и три ката или вкупно 855 метри квадратни корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден, информира општина Ѓорче Петров.

За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 метри квадратни. Со тоа, како што се наведува во соопштението, во целост ќе се задоволат потребите на единицата која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 метри квадратни.

Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година, а бараките во кои сега функционира полициската станица се изградени во 1963 година.