Живот
22. July 2015 - 14:05

Полицијата знае кој му ги украл парите на Филип но несака да превземе ништо

Бизнисменот Филип Крижаниќ Бијелиќ од Карловац тврди дека знае кои се крадците кои пред некое време му го ограбиле сефот тежок два тони, и му земале 500.000 куни или околу 66.000 евра. Тој вели дека се и кажал на полицијата, и дал листа со имиња на крадците, но сепак таа не направила ништо и тие се сеуште на слобода.

Филип се пожали во медиумите за тоа што полицијата не мрднала со малиот прст за неговиот случај.

Инаку, тој е директор на компанијата Бул во Србија.