Свет
23. August 2017 - 8:24

Полицијата во Аризона растера демонстранти пред конгресен центар каде се обраќа Трамп

Полицијата во американскиот град Феникс, во сојузната држава Аризона, употреби димни бомби и солзавец за да ги растера демонстраните пред Конгресниот центар, каде претседателот Доналд Трамп зборувал пред своите приврзаници.

Полицијата соопшти дека била принудена да реагира на тој начин откако демонстрантите започнале да фрлаат кон нив со камења и шишиња.

Според аризонските медиуми, на протестот учествувале неколку илјади лица.