Македонија
25. March 2023 - 9:15

Полицијата вчера во Скопје казни над 240 возачи - дури 74 од нив возеле пребрзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас... 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.