Полицијата тврди дека во Косово засега нема висок ризик од тероризам
По повикот на ИД до своите симпатизери, да извршат што поголем број терористички напади, за време на месец Рамазан и на Балканот,косовската полиција тврди дека „сега засега нема висок ризик од тероризам во Република Косово“.
Полицијата нагласува дека врз основа на мисијата и надлежностите кои ги има, во континуитет врши проценки за можните ризици во земјата и во тие рамки и оценките за ризикот кој доаѓа од тероризам или терористички групи,вклучувајќи го и насилниот екстремизам.
- Според проценката на полицијата на Косово, сега засега нема ризик од тероризам,но и покрај тоа Косово не може да биде имуно,како што не се и развиенте земји во Европа и пошироко,-стои во соопштението на полицијата.
Странските медуми информираа дека ИД публикувала аудио порака со која ги повикува своте симпатизери за време на месецот Рамазан да извршат што повеќе напади во САД,Русија,Европа,Сирија и Балканот.
Оваа аудо порака била дистрибуирана доцна навечер во понеделникот од страна на каналот на терористичката организација канал „Телеграма“.
Инаку,на боиштата во Сирија и Ирак на страната на ИД се борам најмалку 300 Косовци,дел од нив таму се се семејства,а досега потврдена е смртта на шеесетина.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци