Македонија
5. January 2024 - 11:36

Полицијата трага по четири лица поврзани со упадот во М-НАВ

Полицијата се уште трага по четири лица поврзани со вчерашниот упадот во зградата на Контролата на летање.

Од МВР велат дека вчера се уапсени четири лица, а денеска продолжува потрагата по останатите четири лица.

За потсетување, вчера 8 лица упаднале во просториите каде што е сместен радарот и контролата на летање. Бандитите не биле сопрени од обезбедувањето, а внатрешниот пристап им го дозволил вработен со неговата картица.

Ова следува откако вчера голем број на вработени дадоа поддршка на синдикатот кој пак се противи на новите вработувања, односно критериумите кои се бараат за лицата.