Македонија
4. October 2018 - 15:12

Полицијата полни раце работа: Исчезнаа три лица од Скопје

Македонската полиција со полни раце работа, во полициските станицни низ Скопје пријавени се три исчезнати лица на возраст од 66 и 14 години.
 
- Според информациите на полицијата, вчера во  14:00 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(66) од Скопје пријавил дека неговиот син Д.С.(41) на 01.10.2018 година заминал на работа и не се вратил.
- На 03.10.2018 година во 15:25 часот во Полициската станица Карпош, вработен во ЈЗУ„Дом 25-ти Мај“ пријавил дека на 2.10.2018 година од домот се оддалечила нивна 16-годишна штитеничка. 
 
- На 3.10.2018 година во 20:45 часот во Полициската станица Карпош, вработена во ЈУ за загрижување деца со воспитно-социјални проблеми - Скопје пријавила дека истиот ден околу 17:00 часот од училиштето се оддалечила нивна 14-годишна штитеничка.
 
Полицијата трага по исчезнатите лица.