Полицијата на БиХ разби криминална група која шверцувала дрога и оружје во ЕУ
Полицијата на Босна и Херцеговина разби криминална група, која изминативе четири години шверцувала дрога и оружје во земјите од Европска Унија, остварувајќи милионски профит.
Криминалната група се товари за шверц на дрога, оружје и воена опрема и за перење пари.
Акцијата е спроведена по четири години следење на групата, при што полицијата на БиХ соработувала со полицајци на хрватскиот УСКОК, а докази биле прибирани и со дешифрирање на апликацијата за комуникација Скај.
Осомничените од 2019 до денес во земји-членки на ЕУ прошверцувале околу 300 килограми спид, повеќе од сто килограми сканк, 20 килограми смеса за зголемување на спидот, 42 литри амфетаминско масло и четири големи вреќи екстази.
Тие исто така прошверцувале 50 парчиња различно огнено оружје – автоматски пушки и пиштоли од различни марки и калибри.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени