Полицијата казни 191 возач во Скопје, дури 49 од нив возеле пребрзо
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска