Македонија
1. May 2022 - 12:03

Полицијата казни 162 возачи за брзо возење на територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден (30.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 162 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.