Полицијата го нашла Драган во фаза на распаѓање - на другиот спрат уште поголем шок
Душан и Милица, пензионери од Србија, заедно со својот 61-годишен син Драган лежеле цел месец мртви во својот дом. 80-годишниот сопруг и 4 години постарата сопруга, заедно со синот биле пронајдени во семејната куќа, во фаза на распаѓање.
Соседите последен пат ги виделе околу СВети Јован, по што им се изгубила трагата.
Полицијата во кучата која била заклучена влегла на сила, а внатре ги затекнала синот кој лежел на подот, како и родителите кои биле на спратот. Нивните тела биле покриени, па сето тоа и е сомнително на полицијата, која смета дека Драган најверојатно ги убил, па се самоубил на долниот кат.
Семејството Бајиќ живеело од инвалидската пензија на Драган, од 12.000 динари. Тој почнал да работи, но престанал бидејќи психички не бил стабилен, поради што го пратиле во пензија. Роднините им помагале да скрпат крај со крај, со оглед на тешката состојба.
- Постојано се караа, мајката му вечеше, Што ми бараш да јадеш, немам што да ти дадам, вели соседка за српскиот Курир.
Тие ретко се дружеле и ретко излегувале од дома.
Полицијата го истражува случајот.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи