Полицајка со колега имала секс во службеното возило, покрената истрага
Двајца полицајци во Росарио, Аргентина ги чека дисциплинска постапка откако се снимени како имаат секс во полициско возило.
Снимката го прикажува и моментот како полицајката запира кога слуша повик за место на злосторството, но не реагира туку продолжува да му ја крева маицата на партнерот.
СНе е познато како снимката дојде во јавноста, но се гледа дека полицајката прво ја крева раката кон мобилниот за да го спречи снимањето, а подоцн сепак му дозволува на колегата да го сними сексот.
Портпаролот на Министерството за безбедност на Санта Фе изјави дека дисциплинската истрага е во тек, додаваќи дека остро го осудуваа овој инцидент како многу навредлив за жителите на провинцијата зошто се работи за јавни службеници кои би требало да ги штитат интересите на граѓаните и нивната безбедност.
Претходно во февруари излезе снимка на која две полицајки од Росарио слават заплена на стабло од марихуана. Едната го крва огромното стебло и вика: „Кој сака да го пуши ова?“ Го зедовме од лице кое запревме и го претресовме. Го прашавме дали сака да побегне дома и ова да ни го остави нас, или да го приведеме и еве што добивме“. Двете полицајки ги предоа значките и оружјето поради покренатата истрага.
Ново на Сител
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија