Македонија
21. March 2020 - 14:51

Полицајци и инспектори го затворија отворениот пазар во Шуто Оризари

Државниот пазарен инспекторат во заедничка акција со УЈП и Интервентната полиција го затворија отворениот пазар во скопската населба Шуто Оризари.

Од Инспекторатот велат дека тоа е направено од безбедносни причини, односно за да се спречи ширење на коронавирусот. 

Акцијата траела околу 45 минути.

 
Жителите на оваа скопска населба велат дека не знаат како ќе живеат по затворање на пазарот, но посочуваат дека ги почитувале мерките и препораките на Владата.
 

Даниел Василев