Македонија
16. November 2020 - 16:41

Полицаец се повредил откако при чистење на пиштолот си пукал во стапалото

Синоќа околу 03,00 часот во куќа во с.Инџиково, скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопштуваат од МВР.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.