-->
-->
Полицаец открива шокантни детали: Еве како е убиена Македонката Адеа Шабани
-->
Полицијата од Лос Анџелес потврди дека телото пронајдено во плиткиот гроб во Јужна Калифорнија и припаѓа на Адеа Шабани.
Таа била идентификувана преку нејзините тетоважи. Првичните резултати од аутопсијата откриле дека Адеа се здобила со удар во главата со тап предмет. На нејзиното тело немало видливи повреди.
Таа според првичниот извештај бил мртва повеќе од еден месец. Точната причина за смртта ќе се знае дури откако ќе се добијат резултатите од токсиколошките испитувања и од анализата на ткивото, пренесуваат американските медиуми.
Капетанот Били Хејес на вчерашната прес – конференција рекол дека смртта на Шабани настанала од удар во главата. Осомничен е Кристофер Споц кој се самоубил минатиот викенд, пукајќи си во главата додека бегал од полицијата. Мотивот за убиството не е познат.
Капетанот Хејес откри и нови детали поврзани со Споц. Кога првпат бил испрашуван од полицијата тој признал дека на 23 февруари замина со Адеа кон Сакраменто. Реко дека се скарале дека ја оставил сама на патот во близина на Санта Кларита. После тоа веќе не ја видел. Наместо кон Сакраменто отишол кон Колорадо да се види со свршеницата.
Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари. Телото на Адеа е пронајдено на 26 март. Истрагата за убиството на македонската актерка продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место