Полицаец нападнат при контрола на непрописно паркирано возило
Полициски службеник е нападнат на улицата „Маршал Тито“ во Струга од страна на 45-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта.
Како што информира денеска полицијата, вчера околу 18:20 часот полицискиот службеник, кој бил заедно со полициски приправник, затекнале непрописно паркирано моторно возило „голф 6“ со струшки регистарски ознаки. Кога полицискиот службеник го информирал дека бил непрописно паркиран, А.Н. со погрдни и заканувачки зборови му се обратил на полицаецот и физички го нападнал. Со брза интервенција на полициски службеници, А.Н. бил совладан и приведен во полициската станица во Струга.
При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта