Полагање на испитот по мајчин јазик од државната матура
Во средните училишта во Македонија денеска од 10 до 14 часот ќе се полага испитот по мајчин јазик и литература во јунскиот испитен рок. Македонски јазик ќе полагаат 10119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик.
Мајчин јазик и литература е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура. Првпат годинава испитот по мајчин јазик се полага по испитот по странски јазик кој беше спроведен минатата сабота.
Од Државниот испитен центар за МИА велат дека искуствата од изминатите години, кога полагањето државна матура почнуваше со тестот по мајчин јазик и литература, покажале дека на матурантите им треба повеќе време за подготовка за овој испит затоа што се работи за пообемна испитна програма.
Во понеделник (11 јуни) е полагањето на третиот екстерен испит: хемија (241 кандидат), физика (100), биологија (3737), историја (2610), филозофија (2923), естетика (180) и бизнис (3993 кандидати).
На 13 јуни ќе бидат тестирани матурантите кои избрале да полагаат математика, а пријавени се 1926 кандидати.
Годинава за државна матура се пријавиле 15256 матуранти. Полагањето почна на 2 јуни со тестот по странски јазик. Најголем број пријавени (14101) беа за англиски јазик, за германски беа пријавени 164, за француски 111 и за руски јазик 15 матуранти.
Во реализацијата на државната матура учествуваат 2000 обучени тестатори-наставници и околу 400 оценувачи.
Прелиминарните резултати од екстерните испити ДИЦ ќе ги објави најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит, односно најдоцна до 13 јули. Конечните резултати ќе им бидат достапни по завршување на процесот на приговори. За кандидатите кои нема да поднесат приговар, прелиминарните резултати се конечни.
Матурантите кои нема да положат дел или сите испити од државната матура во јуни или од оправдани причини не полагале државна матура, ќе може да полагаат во августовскиот испитен рок.
Ново на Сител
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
-
Брзата интервенција на пожарникарите спречи катастрофа во Кочани | ВИДЕО
-
ЕУ со долг од 81,8 отсто и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП
-
Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала