OН покренуваат план од две милијарди долари за хуманитарна реакција на новиот коронавирус во земјите во развој
Обединетите нации покренаа глобален план за хуманитарна реакција на новиот коронавирус во земјите во развој. Тоа го соопшто генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Тој додаде дека целта на планот од две милијарди американски долари е да се заштитат милиони луѓе и да се спречи ширењето на вирусот низ целиот свет.
Планот опфаќа „точки за помош“ за конкретни земји, како што се Украина, Иран, Венецуела, Сирија, Либија, Ирак, Мали, Етиопија, Авганистан …
„Светот е силен колку и најслабиот здравствен систем. Ако дозволивме вирусот слободно да се шири на тие места, би изложувале милиони луѓе на висок ризик, цели региони би биле во хаос и вирусот ќе има можност да циркулира низ целиот свет”, нагласи Гутерш презентирајќи на видео конференција план, напишан на 80 страници.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024