Покрај Делчево-Голак, реконструкција и на патот Кочани-Делчево
Рехабилитацијата на регионалниот пат Делчево - Голак во должина од 10,5 километри и ширoчина од 4,5 метри, во вредност од околу 1,3 милион евра, ќе биде завршена најдоцна за 12 месеци, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисјаловски кој заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска извршија увид во градежните работи на оваа делница.
Се очекува, како што посочи Мисајловски, патот да биде готов за 12 месеци, но најверојатно и многу порано, во почетокот на август.
Груевски најави дека на овој дел е планирано МЕПСО да инвестира во подобрување на условите за скијачки центар, а најверојатно, како што рече, првата инвестиција ќе биде во Берово оваа и следната година, а потоа во Голак кога и се очекува веќе да биде завршен овој регионален пат.
- Кога ќе се направи патот, ќе има интерес и за скијачкиот центар. На МЕПСО веќе им се дадени инструкции од Владата да направат проект, но прво ќе инвестираат околу 3 милиони евра во Берово, а потоа околу 3 до 3,5 милиони евра во скијачкиот центар Голак, изјави Груевски, додавајќи оти овој пат ќе има и туристичко значење.
Паралелно е распишан и тендерот за Кочани – Делчево, 30 километри пат, инвестиција од 6 милиони евра.
Договорот е веќе потпишан со домашна компанија. Работите треба да почнат следниот месец и да траат 24 месеци. - Биле предвидени 10 милиони евра, но имало многу пријавени компании и тендерот бил 6 милиони евра. Остатокот, заштедата од 4 милиони евра ќе биде искористен за нешто друго, информираше Мисајловски.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари