Покачувањето на платите во здравството од 1.500 до 4.548 денари
СОд 1.500 до 4.548 денари ќе изнесува во просек покачувањето за 5 проценти на платите на 19.123 вработени во јавните здравствени установи, согласно вчерашната владина одлука која денеска на средба со ресорниот министер Венко Филипче ја поздравил претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Љубиша Каранфиловски, соопшти Министерството за здравство.
Според симулациите на Министерството низ апсолутни бројки за покачувањето на бруто платите, докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести ќе добијат повисоки плати во просек за 4.548 денари, а докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек за 3.756 денари.
Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема за околу 4.060 денари, а покачувањето за средно-медицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болници ќе биде за околу 1.500 денари.
- Со потпишување на Спогодбата ќе се зголемат платите на сите вработени во јавните здравствени установи. Зголемувањето ќе започне да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на оваа Влада на Република Македонија, соопшти Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација