Погледнете какво време не очекува до крајот на неделата
Времето утре во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. По котлините се уште ќе биде магливо и тивко особено во долниот дел на Повардарјето и во Пелагонија. Кон крајот на денот се очекува засилување на ветерот од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување на маглата. Кон крајот на денот ветерот ќе се засилува од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.
В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста, но ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика расејување на маглата.
За време на викендот, пак, ќе преовладува сончево и малку попријатно и потопло време со мала до умерена локална облачност.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот