Погледнете какво ќе биде времето денес
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната температура од 28 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура ќе достигне до 36 степени.
Позначителна промена на времето се очекува в понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Локално се очекуваат поинтензивни врнежи, наместа и над 30 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?