Живот
1. December 2015 - 15:59

Погледнете како се забавуваат Стефани и Ѓорѓе во Белград

Поранешниот станар од Големиот Брат на својот фејсбук профил објави фотографии како се забавува со Стефани и Лејла во Белград.

Откако во петокот ја напушти куќата на Големиот Брат, Стефани Баниќ  не се вратила со својата мајка Катја во Сплит, туку останала во Белград со Ѓорѓе и Лејла.

- Мислевте дека се смиривме а само се вознемиривме. Вештерка од Сплит и вештер - напишал Ѓорѓе над фотографијата на која позира со Стефани на паркинг.

Мајката пак на Стефани кажа дека нивниот однос се развива и дека се многу драги еден на друг.