Погледнете како изгледа најстарата жена во светот која има 120 години
Русинката Танзила Бисембејева има 120 години, а го држи рекордот за најстара личност на светот.
Според нејзината лична карта, таа е родена во 1896 година.
Танзила има тројца синови, 10 внуци, 24 правнуци и 2 праправнучиња.
-Мајка ми во својот живот видела многу. Преживеала од Распутин до Путин. Работела целиот свој живот, во полето или во градината, им рекол на новинарите нејзиниот син Шинтас Бисембејев.
Во склад со казахстанската традиција, Бисембејева сега живее во семејството на најмладиот син, сама си ги врши своите работи, но не излегува надвор.
До своите 100 години ниеднаш не се обратила на лекар, но морала да посети лекар кога на 100-годишна возраст и се влошил видот.
-Таа е многу добра и секогаш гледа на животот позитивно. Во луѓето гледа само добро. Води здрав начин на живот, никогаш не седи во едно место, не пуши и се храни природно, велат нејзините синови.
Руските медиуми наведуваат дека таа е единствената личност која живеела до 120 години, а за тоа да постојат документи.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата