-->
-->
Погледнете како египетскиот киднапер ја поминува контролата на аеродромот
-->
Египетскиот јавен обвинител побара од кипарските власти да се естрадира египетскиот државјанин обвинет за киднапирање на патнички авион кој беше приземјен во Кипар, јавува денес египетската телевизија.
Осомничениот, кого кипарските и египетските власти го индетификуваа како Сеиф ал-Дин Мухамед Мустафу (59), се предаде вчера на полицијата, откако предходно го киднапираше авионот на летот од Александрија до Каиро во кој се наоѓале 72 патника и членови на екипажот. Сите заложници се пуштени неповредени.
Судот во Ларанка го задржа осомничениот во притвор поради сомневање дека киднапирал авион на компанијата „EgyptAir“ со закана на активирање на лажен експлозивен елек и го преусмерил кон Кипар.
Во меѓувреме на интернет се појави снимка на која се гледа како Сеиф ал-Дин Мухамед Мустафа поминува низ патничката контрола на аеродромот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?