Погба ги повика Фејсбук следбениците заедно да го прослават роденденот со донирање средства
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ги замоли своите 6,9 милиони следбеници на Фејсбук да му помогнат да го прослави 25-тиот роденден, како донираат средства за добротворни цели.
Ѕвездата на Манчестер вредна 89 милиони фунти четвртина век прослави во друштво на семејството и пријателите и го искористи роденденот како повод да повика луѓето да помогнат на организацијата „Чувајте ги децата“. Тој создаде страница за прибирање финансиски средства во социјалната мрежа, а како цел постави собирање на 25 000 фунти.
- Свесен сум се што можам да си дозволам во мојот живот, но, за жал, за други тоа не е така. Затоа за мојот роденден поканувам да се придружите на оваа хумана акција и да донирата од 5 до 1.000 доолари, кој колку може и сака, напиша Погба,.
До моментот на неговиот повик, 96 лица собрале 4.958 фунти.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус
-
Стабилно и релативно топло време до среда
-
Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
-
Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко