Поезија од 12 руски поети во „Стожер“
Друштвото на писателите на Македонија во новиот 121. број на книжевната ревија „Стожер“ објави поезија од 12 руски поети, во препев на Тања Урошевиќ. Застапени се поети од поновите генерации: Ина Лисњанска, Евгениј Рејн, Олег Чухонцев, Владимир Алејников, Јуриј Кублановски, Алексеј Аљохин, Ефим Бершин, Олесја Николаева, Виктор Куле, Сергеј Гандлевски, Евгениј Чигрин и Максим Амелин.
- Обединети во овој избор поетите претставуваат една мошне колоритна палета на силни индивидуалности и средбата со секоја од нив ги носи задоволството и возбудата на откривање на еден нов и неповторлив свет, пишува Тања Урошевиќ во својот текст за творечките особености на руските поети.
Во посебен оддел „Стожер“ го претставува поетското и прозно творештво на доајенот на ДПМ, писателката Драгица Најческа. Анастасија Ѓурчинова пишува за улогата на преводот во новиот концепт за светската книжевност, а Елена Пренџова го објавува есејот „За книжевната уметност или што значи да се биде поет“.
По повод сто години од раѓањето на Венко Марковски „Стожер“ објавува избор од неговата поезија под наслов „Смртта на сонцето“. Презентирани се и поетски, прозни и критичко-есеистички текстови од Јован Павловски, Петре Димовски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Влада Урошевиќ, Живко Чинго, Виолета Танчева Златева, Никола Јованоски, Рифат Емин, Бистрица Миркуловска, Стефан Марковски, Милица Димитриовска Радевска, Ерол Туфан, Трајче Кацаров.
Новиот број на „Стожер“ е достапен на веб страницата на ДПМ: www.dpm-pisateli.mk
Ново на Сител
-
Бела куќа: Трамп е разочаран и од Путин и од Зеленски
-
Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“
-
Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти