-->
-->
Поевтинува нафтата
-->

Ценовните движења на суровата нафта најавуваат намалување на нејзината малопродажна цена во Македонија идниот понеделник.
Во текот на вчерашниот ден, барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргуваше за 49,9 долари, што е раст на цената од 0,1% во однос на претходниот ден.
Но оваа цена се уште е под нивото на цената врз основа на која регулаторот ги формираше малопродажните цени во Македонија на 29 мај.
Тогаш, Регулаторната комисија за енергетика пресмета средна цена од 52,3 долари за еден барел што е за скоро 2,5 долари по барел повеќе во однос на актуелната цена. Доколку нема големи ценовни шокови во текот на утрешниот ден и во петок, за очекување е во понеделник регулаторот да ги спушти цените за околу 1 денар по литар.
Минатата недела бензините поскапеа за 1 денар по литар па 95 октанскиот супер сега чини 64 денари а 98 октанскиот 2 денари повеќе.
Дизелот поскапи за 1,5 денари по литар и во моментов неговата цени на бензиниските пумпи низ Македонија не смее да надмине 50,5 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом