Поетскиот караван на ДПМ во Гостивар
Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија синоќа настапи во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, каде се претставија дваесетина автори од различни генерации.
Настанот се организираше во соработка со Советот на млади на општина Гостивар во рамки на „Неделата на млади“.
- Со поетскиот караван, кој вечерва гостува во Гостивар, ДПМ продолжува една убава традиција која почна во 80-тите години, а сега е збогатена со нови форми. Сето тоа е во рамките на проектот за дисперзија на културните вредности, изјави Веле Смилевски, претседател на ДПМ.
Љубителите на пишаниот збор од Гостивар имаа можност да се сретнат со поетите и писатели Глигор Стојковски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Марина Мијаковска, Ефтим Клетников, Јусуф Едип, Веле Смилевски, Делвина Керлуку, Христо Петрески, Славица Дабевска Кировска, Адем Абдулаху, Љерка Тот Наумова, Александар Поповски, Паскал Гилевски, Филип Клетников, Шазим Мехмети, Мирјана Тренчева, Иван Чаповски, Љуљзим Хазири, Милош Линдро и Јован Дамјановски.
Караванот претходно помина во Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе, Гевгелија, Крушево, Радовиш, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, и општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на „Деновите на Блаже Конески“, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра