Македонија
20. October 2015 - 8:34

Поетски караван на ДПМ во Куманово

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Ќе настапат 20 автори од различни генерации.

Љубителите на литературата во овој град ќе имаат можност да се сретнат со поетите Трајче Кацаров, Виолета Златева Танчева, Борче Панов, Билјана Станковска, Филип Клетников, Марина Мијаковска, Бобан Богатиновски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Раде Силјан, Мито Спасевски, Санде Стојчевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Стојан Тарапуза, Милош Линдро, Сеида Бегановиќ, Иван Чаповски, Александар Поповски и Јовица Илиќ.

Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Велес, Кавадарци и Радовиш. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17-ти до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.