Поетска вечер со поетеси од Друштво на писатели на Македонија
Во националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа поетска средба со поетеси членови на Друштвото на писателите на Македонија. Организатор на средбата беше Општина Кочани и Одделнието за општествени дејности.
На поетската средба свои стихови на тема „Човекољубието-пат кон вечноста“ читаа Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Оливера Доцевска и Делвина Крлуку од Друштвото на писателите на Македонија како и роднокрајните автори Љубинка Донева и Аника Илијеска Горгиева.
За Аника Илијеска Горгиева, роднокраен автор поетската вечер има за цел да го побуди човекољубието кај луѓето, во пресрет на големиот христијански празник Велигден.
- Поетската средба во Кочани за нас авторите од другите градови на Македонија е можност повеќе да настапиме и да ја презентираме нашата поезија. Верувам дека ваквите настани ќе станат традиција со можност членови на ДПМ да гостуваат во градовите низ Македонија, изјави поетесата Елена Пренџова.
Ново на Сител
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9