Поетот Филип Димкоски во книжевна посета на Хрватска
Младиот македонски поет Филип Димкоски овој месец ќе има неколку книжевни настапи во Хрватска.
Тој денеска ќе одржи час во природа со студентите од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб кои изучуваат македонски јазик. Освен поезија на Димкоски, ќе се чита поезија и од други македонски поети. Часот е по покана и во организација на професорот Инес Цебовиќ.
В понеделник во библиотеката „Август Цесарец“ во Загреб, со почеток во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски и ќе бидат претставени српското и бугарското издание на книгата. Песната „И каменот има душа“ ќе биде прочитана на десет јазици, македонски, српски, бугарски, хрватски, словенечки, полски, чешки, словачки, украински и руски.
Димкоски на 9 и 10 јуни ќе настапи на Меѓународниот поетски фестивал „Морето на дланка“ што ќе се одржи во Пула и во Ровињ. Наградата за најдобра песна во регионот посветена на Ромите, што му беше доделена минатата година на Меѓународниот саем на книгата во Белград, му овозможи настап на овој фестивал.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала