Подолжува потрагата по напаѓачите од лондонското метро
Британската полиција денеска продолжува со потрагата по лицата осомничени за извршување на вчерашниот бомбшки напад во вагон на лондонската подземна железница, при кој беа повредени 29 лица.
Полицијата вчерашниот напад го оцени како „чин на тероризам“ и започна потрага по извршителите, но засега не е уапсено ниту едно осомничено лице, иако, како што јави телевизијата Скај, со помош на снимките од безбедносните камери полициските службеници го идентификувале поставувачот на бомбата.
Британската Влада синоќа донесе одлука за зголемување на нивото од терористичка закана во земјата „од сериозно на критично“, што означува дека постои опасност од евентуален нов напад.
- На улиците во следните денови ќе бидат присутни припадници на полицијата и војската, изјави британската премиерка Тереза Меј.
Од утрово на улиците низ Велика Британија на полицајците им се приклучија и вооружени припадници на армијата, со задача да спречат обид за евентуален нов напад на јавно место.
Одговорност за вчерашниот напад во лондонскоот метро презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Ново на Сител
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола