Подобрени инфраструктурните услови во планинскиот туристички центар Пониква
Општина Кочани ги заврши градежните работите за подобрување на инфраструктурните услови во планинскиот туристички центар Пониква на Осоговските планини.
Проектите што се реализираа во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и со концесионерот на скијачките патеки обезбедија дополнителен простор за паркирање и поголема безбедност на скијачите.
-Токму пред стартот на сезоната и почетокот на зимскиот распуст успеавме да поставиме заштитна ограда на скијачката патека број еден, со што се направи физичко одделување од една од улиците што води кон викенд населбата, а на која во изминатите години беа регистрирани повреди кај скијачите поради излетување од патеката. Исто така, освен постојниот паркинг кај одморалиштето на МВР, заедно со реконструкцијата на асфалтот кон Пониква, уреден е дополнителен простор кај месноста Аеродром, каде можат да се паркираат уште неколку стотини автомобили. За подобрување на хигиената поставени се дополнителни контејнери со заштитна мрежа, како и мобилни јавни тоалети, истакна градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.
Заедно со инфраструктурните проекти, локалната самоуправа на Кочани преку Центарот за развој на Источниот плански регион ја заврши изградбата и уредувањето на туристичко-информативниот центар што ќе работи во текот на целата сезона.
Од годинава Пониква доби и нова веб-страница www.osogovo.mk на која се претставени карактеристиките на Осоговијата и на туристичкиот центар, а граѓаните можат преку видео сигнал и метеоролошки податоци во реално време да добијат информации за моментната временска состојба на планината.
Ново на Сител
-
Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици