Подигнати 60 тони отпад од диви депонии во Скопје за време на викендот
Во текот на изминатите два месеца, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се соочува со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.
Екипите на претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците „Македонска војска“, „Борис Сарафов“, „Лука Геров“, „Воин Драшковиќ“, „Мирче Козар“, „Христо Батанџиев“ и „Никола Пушкаров“ во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата „Васил Чакаларов“ во општината Карпош, како и на улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Џон Кенеди“ во скопската
општина Чаир.
Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје.
Ново на Сител
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата