Подигнати 60 метри кубни од диви депонии во општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа.
Во општина Центар,пак, се расчистени неколку диви депонии лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Даме Груев“.
Интервенирано е и кај црквата „Св.Ѓоргија“ во месноста Криви Дол, зад скопското Кале, каде што е отстранета дива депонија од самиот влез во црквата.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале и приближно 20 кубни метри кабаст отпад одложен долж булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, како и 15 кубни метри мешан комунален отпад и автомобилски гуми одложени на улицата „Борис Сарафов“ во скопската општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.