Loading Video...
Спорт плус
29. April 2020 - 18:32

Поделена првата донација од иницијативата на македонските „Спортисти против Корона“

Акцијата на македонските спортисти во борбата со Корона вирусот денеска вроди со првата донација и тоа во Клиниката за детски болести во Скопје. 
 
Македонските спортисти се солидаризираа во битката против коронавирусот. Голем број на актуелни и поранешни македонски спортисти, но и спортски клубови и спортски работници, се приклучија кон иницијативата „Спортисти против Корона“ и донираа средства.
 
Ракометарот Горан Кузманоски кој беше и иницијатот на оваа акција, информира да прватса донација која се состои во заштитни маски, скафандери, ракавици, визири и пакети со храна и тоа во Клиниката за детски болести во Скопје. 
 
Како што информира Кузмановски ова е првата донација од македонските спортисти, а деновиве ќе бидат поделени и останатите, со веќе договорените здравствени институции.
 
Пакетите со храна ќе бидат наменети за социјално загрозените и во координација со невладиниот сектор истите ке бидат поделени онаму каде се најпотребни.
„Целта е остварена и ние сме посебно горди, но аплаузот сепак оди до здравствените работници и до сите оние кои се во првите редови во оваа заедницка борба“, нагласува Кусмановски.