Поддршка за компаниите да се вклучат во локалниот економски развој
Соработка за создавање подобри услови кои ќе овозможат вклучување на компаниите во локалниот економски развој, најавија денеска претставници на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Министерството за економија.
Потпишан е меморандум за соработка со кој се овозможува во активностите за кои се одвоени 500.000 долари да се вклучи приватниот сектор.
Со грантови и техничка поддршка треба да се овозможат услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и стартапите за да одговорат на најголемите пречки за раст - зголемување на продуктивноста и отворање нови работни мста преку воведување нови технологии, иновации, стандарди и деловни практики, како и да се олесни нивното поврзување со нови клиенти и пазари и да се подобрат техничките и деловни вештини. Воедно ќе се помага пристапот до финансии за претпријатијата и ќе се поттикнуваат инвестиции на фирмите во развој на работната сила и синџирите на снабдување.
Брок Бирман, заменик раководител на Бирото на УСАИД за Европа и Азија, порача дека приватниот сектор ќе биде главен двигател во натамошниот развој на државата. - Со проектот за развој на деловниот екосистем и воспоставеното партнерство со деловниот сектор се заменува традициналниот модел на развој на помош со пристап кој го препознава и искористува потенцијалот на македонскиот приватен сектор за движење на развојот преку создавање работни места, економски раст и корпоративна општествена одговорност, рече Бирман.
Според министерот за економија Крешник Бектеши, целта е да се обезбеди поддршка на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија во Македонија преку зајакнување на деловните услови, финансии и пазарни врски за да се зголеми растот, продуктивноста и вработувањето во бизнис секторот.
- Ќе се помогне вклучувањето на микро, малите и средните претпријатија во синџирите на снабдување, заедничкиот развој на работата сила и развојот на услуги. Сето тоа ќе има влијание врз регионалниот реазвој и ќе овозможи поттикнување на локалниот економски развој надвор од главниот град со што се придонесува развој на локалниот бизнис екосистем, рече Бектеши.
Проектот за развој на деловниот екосистем, за кој се одвоени 6,2 милиони долари, за четири години, меѓу останатото треба да помогне да се креираат 5.750 нови работни места.
Ново на Сител
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот