Под нулата во Петровец, Берово и Струмица
Најстудено утрово е во Скопје кај Петровец со температура од -2 степени и -1 степен во Берово и Струмица, а најтопло е во Дебар со измерени 14 степени Целзиусови.
Следат Велес со 2 степени, 3 Тетово, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Кавадарци 4 Гевгелија, Битола, 6 Дојран, Штип, 7 Виница, Крушево, 8 Попова Шапка, Лазарополе, 9 Охрид, 10 Маврови Анови, 11 Демир Капија и во 12 Претор.
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне претежно во западните делови со повремен дожд на планините од снег. Преку ноќта наместа врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, од крајот на денот со повремен дожд кој ќе продолжи и преку ноќта. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци