Поцков: Зголемен бројот на новозаболени од коронавирусот во општина Гевгелија
Растечкиот број на новозаболени лица од Ковид-19 во општина Гевгелија последниве денови укажува дека епидемиолошката состојба се влошува и дека само од нас зависи каква ќе биде понатаму оти ние сме најодговорни за сопственото и јавното здравје, изјави денеска градоначалникот Сашо Поцков, кој раководи и со општинскиот штаб за заштита и спасување.
Евидентно е, нагласи Поцков, дека одредени протоколи не се почитуваат, особено од младите до кои се обрати со молба да не се собираат за време на викенди по кафичи и излетнички места и дисциплинирано да ги почитуваат мерките за заштита.
– Сакам да апелирам до граѓаните, посебно до помладите сограѓани да бидеме поодговорни и посовесни кон моментната ситуација, бидејќи по една година искуство со пандемијата и здравствената криза, со помош на вакцината сакаме да ставиме крај на ова зло и животот да го вратиме во нормала, а последните бројки на новозаболени речиси се исти од изминатиов период кога имавме пикови, рече Поцков.
Повикувам, нагласи Поцков, сите да бидеме многу поодговорни затоа што епидемиолошката ситуација влијае и на отвореноста на границите и времето потребно за враќање во нормала на животот и кондицијата на економскиот развој на Гевгелија.
Додаде дека во зависност од натамошната епидемиолошка слика ќе зависи дали ќе има нови рестриктивни мерки и дали ќе го свика Општинскиот кризен штаб.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија