-->
-->
Почнуваат официјалните разговори на ММФ со Србија
-->
- Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Џејм Руф, денеска во Белград ќе ги почне официјалните разговори со претставници на Владата на Србија и Народната банка на Србија по повод осмата завршена ревизија за тековниот тригодишен аранжман со Србија.
Планирано е да се разговара за состојбата на јавните финансии на Србија, реформите на јавните претпријатија и јавниот сектор, како и за буџетот за 2018 година.
Според најавата на министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ, тема на разговорите ќе бидат и условите за нов аранжман со ММФ, кој не би вклучувал заем, бидејќи на Србија не и е потребен.
Актуелниот аранжман во вредност од 1,2 милијарди евра истекува во февруари 2018 година, но Србија не ги користеше одобрените средства.
Планирано е мисијата на ММФ во Србија да престојува до 7 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата