Почнуваат 23. Голачки фолклорни средби
Во Делчево вечер ќе почне дводневната културна манифестација „Голачки фолклорни средби“ на која ќе настапат 12 фолклорни групи од Македонија, Турција и Бугарија.
Љупчо Петровски, организатор на манифестацијата од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, денеска на прес-конференција најави концепциски измени во Фестивалот кој се одржува по 23 пат.
- Во првиот дел од Фестивалот, односно вечерва, на сцената на отворено во Делчево, ќе настапат староградските групи од Виница и Свети Николе, КУД „Никола Јонков Вапцаров“, како и групата од Измир, Турција, која е прогласена за најдобра група во Турција, потоа ќе настапат изворните групи од Добриниште и Банско, соседна Бугарија, каде со изворната музика интерпретирана од 20-ина гајди очекуваме и своевиден спетакл, истакна Петровски.
Додаде дека и втората вечер која по традиција се одржува спроти верскиот празник Св Панталеј, покрај манастирот посветен на овој светец на планината Голак, на врвот Чавка на 1536 метри надморска висина, на сцената на отворено ќе има богата и квалитетна програма.
Наташа Димитровска, портпарол на Општина Делчево, истакна дека Делчево е подготвено за овој празник на фолклорот, преземени се сите мерки за безбедност на посетителите, а на планината Голак утревечер се очекуваат илјадници гости од целиот регион.
- Ги покануваме сите љубители на прекрасниот природен амбиент, традиционалната македонска и балканска музика, песни и игри да бидат дел од овогодишната манифестација и да се придружат кон празнувањето во чест на светиот исцелител Пантелејмон, празник за кој е врзана долга традиција на пијанечкиот народ кој масовно го посетува манастирот, истакна Димитровска.
Традиционалните, Голачки фолклорни средби се во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и Општина Делчево, а манифестацијата финансиски е поддржана од Минситертсвото за култура.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб