-->
-->
Почнува зимата
-->
– Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.
Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.
Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.
Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман