Почнува традиционалниот саем на книга на „Матица“
Клубот Матица од денеска до 31 јануари ќе го организира 17. Саем на книга „Книга во секој дом“, годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“. На читателите ќе им бидат понудени наслови од домашна и од странска продукција.
- Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании, како Харпер Колинс, Парагон, Орион, Делфи, Вулкан и Лагуна, ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светска прозаистика, архитектура и уметност, најчитаните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономија и лексикографија, историја и поезија, енциклопедии, книги за најмладите, креативни проекти итн, соопшти „Матица“.
Во деновите на саемот ќе бидат организирани и книжевни средби на читателите со млади и веќе докажани автори, како Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.
- Ваквиот начин на комуникација автор-читател ги потврдува нашите ставови дека кај нас има млади, талентирани автори кои знаат да направат светска приказна, а читателите знаат и умеат да го препознаат тоа, истакнуваат од „Матица“, чиј саем „Книга во секој дом“ секоја година има повеќе од 30.000 посетители.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот