Почнува судењето за нередите во Собранието
Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да почне судското рочиште за деветмината обвинети за насилствата во македонското Собрание што се случија на 27 април.
Тие се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело и учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.
За насилствата во Собранието на Република Македонија осомничени се 30-тина лица.
Во настаните на 27. април беа повредени неколкумина пратеници меѓу кои најтешко лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните.
Претседателот Ѓорге Иванов во интервју дадено за ТВ Канал 5 го повика Собранието на РМ да одлучи за евентуална амнестија на учесниците во собраниските инциденти, бидејќи, како што наведе, тоа се луѓе кои биле заведени од толпа или од емоции.
Првото судско рочиште требаше да се одржи на 18. мај, но беше одложено за денеска поради неприсуство на еден од обвинетите кој требаше да биде донесен од домашен притвор.
За денеска во Кривичниот суд е закажано судско рочиште и за случајот „Тврдина 2“. Минатото рочиште беше одложено поради влошената здравствена состојба на поранешниот началник на Петата управа во МВР, Горан Грујоски. Тој заедно со шестмина вработени во УБК се обвинети за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование