Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања
Во Париз денеска започнува судењето против поранешниот француски претседател Никола Саркози за наводно незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од страна на режимот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Саркози, кој ја предводеше Франција од 2007 до 2012 година, постојано ги негира овие обвиненија. На обвинителна клупа заедно со него се уште 12 лица, меѓу кои и поранешни министри. Обвиненијата вклучуваат незаконско финансирање на кампања, злоупотреба на јавни средства и поткуп, пренесува ДПА.
Ако биде прогласен за виновен, Саркози се соочува со казна затвор до 10 години и значителна парична казна. Судскиот процес треба да трае до 10 април.
Франција побара правна помош од 21 земја во рамки на обемната истрага за овој случај, која вклучува 73 судски записи.
Ново на Сител
-
Грчката економија закрепнува, но покачувањата на цените и понатаму се еден од најголемите проблеми
-
Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј
-
Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност
-
Федерален судија ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе