Почнува судењето на обвинетите за настаните во кумановска Дива населба
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да почне судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба во мај минатата година.
Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394-а и „тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик.
На 7 декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот