Почнува штипската „Пастрамајлијада“
Со сечење на џиновската пастрамајлија вечерва почнува манифестацијата штипска „Пастрамајлијада“. Манифестацијата вечерва во 20.30 часот официјално ќе ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
На штандовите на угостителските објекти, кои ќе бидат поставени од крстосницата Дујле до камениот мост кај населбата „8 Ноември“ ќе се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па унифицираната цена на штандовите ќе биде 150 денари. Вечерва гостите ќе ги забавуваат групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.
Градоначалникот Бочварски денеска истакна дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата“, своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по настанот. Забележува дека ќе го слушне мислењето на граѓаните, по што ќе се одлучува дали ќе има нов или ќе си остане истиот концепт.
Во градот викендов ќе се влегува од трите влезови, а полицијата и редарите на штипските јавни претпријатија ќе им помагаат на возачите каде ќе можат да паркираат.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија